• недела, 28 јули 2024

Стоилковски: СДС во слободен пад вади фотографии кога Ковачев им беше "брат" и "љубави"

Стоилковски: СДС во слободен пад вади фотографии кога Ковачев им беше

Скопје, 7 март 2024

СДС затоа што ја загубија поддршка од народот, не значи дека треба да го загубат разумот.

Манипулираат и лажат, и целосно недостоинствено се служат со лажни вести.

СДС во слободен пад се користи со фотографии кога Ковачев им беше "брат" и "љубави". И да потсетам кога Ковачев објави фотографија со коментар дека Сиљановска имала многу забелешки за договорот со Бугарија и различно мислење за историјата, потенцира самиот Ковачев.

Ова е фотографија од Ковачев во 2019 година.

А оваа фотографија му е од сега, пред една недела. Само СДС при очи не гледаат разлика и кај самиот Ковачев. Прашање е само дали и оваа манипулација не е во договор на СДС со Ковачев?

Ја разбираме нервозата откако се исфрлени и од европските собири, а дома од народот, но тоа не значи дека може да шират лажни вести и да ги туркаат медиумите во нивните лаги.

Никогаш не било полошо, Време е наместо хаосот во Македонија, да завладее ред.

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан