• понеделник, 30 декември 2024

Стоилковски: СДСМ пред избори почна да подготвува изградба на Клиничкиот центар

Стоилковски: СДСМ пред избори почна да подготвува изградба на Клиничкиот центар
Скопје, 20 февруари 2021 Четири години ни трага ни глас од нов Клинички, четири години само скандали и никаква реформа во здравството, ама еве повторно најкорумпираната власт во Европа пак се фати за Клинички центар-чинам по петти пат! Јасно е, СДСМ пред избори почна да ја подготвува криминалната градба на Клиничкиот центар вон Скопје, отаде Ѓорче Петров. Заев и Филипче наместо да го изградат Клиничкиот центар, за кој што беше завршена постапката од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и државата досега да имаше Клинички, одат со нов проект, на друга локација, надвор од градот, без инфраструктурна поврзаност, но и неколкукратно поскап проект. СДСМ прибегнаа кон гласање на закон, со кој не се утврдува рамка и од сегашниве најавените половина милијарда евра, проектот може да стигне и до цела милијарда евра. А притоа нема ниту основа, нема ниту откупено земјиште нема ниту инфраструктура, нема ништо. Владава, хибридниот режим најавува дека прво ќе одзема земјиште, а потоа ќе се договара со неговите сопствениците! Уште пострашно нема ниту една буква за одржување на објектот, доколку се изгради. За споредба, тој објект може да заврши како Езеро Треска, запуштено и напуштено на век. Сржта на криминогеноста на оваа постапка е тоа што СДСМ со законот ја трга конкурентноста како услов за избор на понудувач, па се отвора можност некои од хибридниот режим да најдат двајца понудувачи со кои што однапред ќе договори цена. СДСМ буквално си остава простор за договарање и пумпање на цени за материјали и за работна рака за изведување. Зоран Заев и Венко Филипче немаат интерес да го изградат Клиничкиот, затоа што ако тоа им беше во интерес ќе го направеа оној кој што ВМРО-ДПМНЕ им го остави како подготвена документација, и тие да немаат интерес за криминал. Уште повеќе интересно е да се размисли што се планира со местото на атрактивната локација на постоечкиот Клинички, во центарот на Скопје, под падините на Водно? Ќе се остави ли и тој простор на урбаната мафија, ќе се остави ли да го проголтаат земјиштето во центарот на Скопје? Овој хибриден режим покажа дека ниту го интересира здравјето на граѓаните ниту ги интересира секторот здравство- освен како неисцрпна каса за нови и нови корупциски скандали. Како што реков, овој режим се навраќа на Клинички секогаш само и само во предизборие. Штом сега зборат за Клинички, доаѓаат избори! Така и сега,како што зборат за Клинички ќе мислат на криминал и корупција, ама по изборите ќе нема заробено судство во скутот на Заев и ќе има одговорност за секој потрошен денар. Изјава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан