• среда, 25 декември 2024

Стоилковски: Османи да нацрта каде во европската рамка се „Соравија“ на Ахмети и луксузното „ауди“ за Груби

Стоилковски: Османи да нацрта каде во европската рамка се „Соравија“ на Ахмети и луксузното „ауди“ за Груби

Скопје, 6 август 2023

Го повикувам Бујар Османи денеска да земе креда и на таблата да напише одговори:

-Во кој кластер за ЕУ се преговори на Влада со Слупчане за плаќање струја?

-Во кој кластер за ЕУ е потребно полициска асистенција за екипи на ЕВН да прочитаат струјомер?

-Во кој кластер за ЕУ е претприемачки дух на Дрин Ахмети без денар пола Соравија да ја добие?

-Во кој кластер за ЕУ е изборот на Абази во обвинителство, жена му во АЕК, додека Али му седи на глава?

-Во кој кластер за ЕУ се Хотелот на Шапка, дуќанот во Скопје и луксузното Аудито на Груби?

-Во кој кластер за ЕУ е кабелот за тетовската болница? Во кој кластер е лагата за лекот Трикафта, во кој кластер се душите на 45те изгорени во автобусот Беса Транс?

-Во кој кластер за ЕУ се кривичните за Рамиз Мерко, директорката му со средно во Струга, и докторот што ја остави жената без органи?

-Во кој кластер за ЕУ е фирма за гаќи избрана за надзор за градба на автопат?

-Во кој кластер за ЕУ се фабриката на Дестани за коли на струја и концесија за Иловица?

-Во кој кластер за ЕУ се издавање пасоши за светски мафијаши?

-Во кој кластер за ЕУ е државна земја за фирмата на сопругата на премиерот?

-Во кој кластер за ЕУ е договор за градба на коридор со пенали за предвидени непостоечки закони?

-Во кој кластер за ЕУ е немање учебници, а во кој кластер трите милиони евра за Арберија?

-Во кој кластер за ЕУ се вработувањата на новинарката и сопругата на Мартин Костовски како неопходни во МНР?

-Во кој кластер за ЕУ е доведување на Македонија во подредена положба и намерно загрозување на нејзините интеграции?

-Во кој кластер е предавството и одговорноста која што ќе следи?

Бујар Османи, земи креда и со големи букви напиши: УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА!

Бујар Османи да си ја реализира оставката, што сепак нема да го спаси од одговорност!

Само избори се спасот!

Стоилковски: Не е спорна локација каде што одмара Апасиев, туку неговата докажана лицемерност

Негово право е, еве ќе речам и  добро е што заминал на одмор. И изборот на дестинацијата не е спорен, ниту пак проблематичен. Но тоа што е спорно е лицемерието на Димитар Апасиев, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за одморот на Апасиев.

Стоилковски нагласи дека Апасиев е лицемерен и дека тоа е во фокусот на јавноста бидејќи од партија Левица постојано нагласувале дека 65 проценти од населението не може да замине на одмор ниту во Македонија поради сиромаштијата.

Заминува на одмор во луксузно летувалиште, додека над 65 проценти, според соопштение на Левица неговата партија,  не може да заминат на одмор ниту во Македонија. И спорно е тоа што Апасиев не е прв пат лицемерен. На пример овој луксузен одмор може да го плати со уживањето со платата покачена за 78%.Или на пример со користење на службен луксузен автомобил со возач, наспроти приказните за скромен половен семеен автомобил, рече тој и додаде:

Оттука, јавноста верувам не ја интересира одморот, туку лицемерието и тоа е суштината на фокусот на јавноста.

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан