• сабота, 23 ноември 2024

Стоилковски: Дали причина за хаосот на Хирургија е системот за компримираниот воздух или има бактерија МРСА

Стоилковски: Дали причина за хаосот на Хирургија е системот за компримираниот воздух или има бактерија МРСА

Скопје, 26 мај 2024

Ќе даде ли некој одговор од Владата или од ДУИ и СДС што се случува во Хирургија, наместо да се префрла топката од Здравството кон ЈО?

По една недела затворени хируршки сали, заради мирис и нефункционален систем за компримиран воздух, ќе отвориме повеќе дилеми и прашања:

1. Дали е ист системот за компримиран воздух што ги снабдува операциските сали и што ги снабдува кома центарот и КАРИЛ на истата Клиника?

2. Дали Кома центарот и КАРИЛ функционираат и дали пациенти се приклучени на истиот систем за воздух, заради кој пак систем се затворени салите за операции на Трауматологија?

3. Ако системот за компримираниот воздух се користи за пациентите во Кома центарот и КАРИЛ, зошто не би бил добар за операциските сали, и обратно- ако салите се затворени заради системот за воздух, зошто работи кај пациенти во Кома центарот и КАРИЛ?

4. Дали причината за затворање на салите навистина е системот за воздух и климатизацијата, за што цела недела нема зафат за надминување на проблемот или се работи за сосема нешто друго?

5. Дали тоа друго можеби е појава на бактеријата МРСА?

6. Дали има вонредна контрола за хигиена на одделот Траума?

7. Дали брисевите од салите се негативни?

8. Колку е зголемена инфекцијата на оперирани пациенти?

9. Дали има интрахоспитални инфекции кај секој втор пациент на оваа Клиника?

10. Зошто истовремено со ЈО, Здравството не отпочне со решавање на проблемот?

Почитувани,

СДС и ДУИ се толку преокупирани со себе и одењето во опозиција, до толку што најфреквентната клиника ја претворија во руина.

Одговорност мора да има, и правна и морална!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан