• понеделник, 07 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стоилковиќ оствари средба со претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Мандиќ

Стоилковиќ оствари средба со претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Мандиќ

Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, денеска остварил работна средба со претседателот на Собранието на Република Црна Гора Андрија Мандиќ, кој ќе присуствува и на денешната свеченост по повод Св. Сава – националниот празник на српската заедница во РС Македонија.

Како што соопштија од Кабинетот на Стоилковиќ, средбата се одржала во пријателска и конструктивна атмосфера, а се разговарало на повеќе актуелни теми што се во интерес на двете држави и кои дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите релации. 

- Двајцата соговорници се согласија дека добрите односи треба и мора да се негуваат, дека треба да се потпираме едни на други, како и соработката треба да го задржи досегашното ниво, се вели во соопштението. 

Потпретседателот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запознал црногорскиот спикер Мандиќ со досега сработеното и идните планови за работа, по што двајцата соговорници заклучиле дека освен што меѓу двете пријателски земји постојат заеднички приоритети, постојат и многу точки за кои може да се зборува и на кои може заеднички да се работи во иднина. цр/ац/

Фото: Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците

Остани поврзан