• вторник, 24 декември 2024

Стив Кер: Сум видел над 20 тепачки во НБА, ова треба да остане во салата

Стив Кер: Сум видел над 20 тепачки во НБА, ова треба да остане во салата
Сан Франциско, 9 октомври 2022 (МИА) - Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, го коментираше инцидентот меѓу Дрејмонд Грин и Џордан Пул на тимскиот тренинг. - Во моите 32 години во НБА, веројатно сум видел над 20 борби. Не треба да се оди подалеку од ѕидовите на нашата сала. Треба подобро да се справиме со овие ситуации, рече Кер. Во средата, Грин го нападна Пул и го удри соиграчот во лицето. Видеото од инцидентот кое се појави на социјалните мрежи предизвика големи реакции и критики за четирикратниот шампион во НБА. Грин подоцна се извини за своите постапки и истакна дека ќе го напушти тимот на неодредено време за да ја реши ситуацијата. зс/

Остани поврзан