• петок, 05 декември 2025

Стивен Џерард кандидат за нов менаџер на Миовски

Стивен Џерард кандидат за нов менаџер на Миовски

Глазгов, 6.октомври 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ќе добие нов менаџер. Неговиот клуб Глазгов Ренџерс соопшти дека ја прекина соработката со Расел Мартин. На последниот првенствен натпревар тимот на Миовски (го постигна единствениот гол) одигра нерешено 1:1 на гости со Фалкрик. Глазгов Ренџерс по седум одиграни кола е на осмото место на табелата со осум бодови.

Клубот за време на репрезентативната пауза ќе треба да именува нов предводник. Еден од фаворитите за позицијата е прославениот англиски фудбалер, а во еден период и предводник на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард. Легендата на Ливерпул своето деби како тренер го имаше токму во шкотскиот клуб и притоа ја освои и шампионската титула во сезоната 2020/21. Од Шкотска замина во англиската Премиер лига, каде беше менаџер на Астон Вила, а од 2023 до 2025 година седеше на клупата Ал – Етифак. мн/

Фото: Твитер

Остани поврзан