• вторник, 24 декември 2024

Стејт департмент: Итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот

Стејт департмент: Итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот

Вашингтон, 20 март 2024 (МИА) - Стејт департментот смета дека дијалогот со поддршка на ЕУ е вистинскиот канал за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека дискусиите за динарот треба да продолжат што е можно поскоро, изјави ззаменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател..

Тој на синоќешната прес-конференција ги поздрави разговорите на делегациите на Србија и Косовопредводени од Петар Петковиќ и Бесник Бислими со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.

Пател ја повтори загриженоста на Вашингтон поради декретот за ограничување на увозот и употребата на српскиот динар во Косово и повторно ги повика Белград и Приштина да ги деескалираат тензиите.

Тој нагласи дека ставот на САД е дека разговорите треба да продолжат итно. ссм/

фото: архива

Остани поврзан