• вторник, 24 декември 2024

Стефоска во Гевгелија: Од приоритетно значење изградбата на Археолошкиот музеј во градот

Стефоска во Гевгелија: Од приоритетно значење изградбата на Археолошкиот музеј во градот
Гевгелија,18 март 2021(МИА) - Изградбата на Археолошкиот музеј во Гевгелија е од приоритетно значење, како поради богатото археолошко насладство во овој крај, така и за негова афирмација имајчи во предвид дека крај Гевгелија минуваат голем број наши и странски државјани, изјави министерката за култура, Ирена Стефоска при денешната средба со градоначалникот Сашо Поцков и посета на културните институции во општина Гевгелија. -Годинава обезбедивме средства за заштита на културното наследство бидејќи тоа е клучно за идентитетот на една земја. Во таа насока ќе и предложам на владата иницијативата за изградба на археолошки парк во Гевгелија да влезе во годишната програма за капитални инвестиции и најдоцна во текот на наредната година да почне изградбата на овој значаен проект бидејќи Гевгелија заслужува да има еден репрезентативен археолошки локалитет, рече Стефоска. Градоначалникот Поцков изрази благодарност за подршката и соработката на министерката за култура,нагласувајќи дека и во услови на пандемија животот продолжува што значи дека, иако во променети услови, продолжува и културното живеење во општината кое годинава ќе биде подржано со 5,5 милиони денари. Директорот на гевгелискиот Народен музеј, Бобан Хусеновски, нагласи дека оваа национална установа располага со 11.000 археолошки артефакти што значи дека дури 70 отсто од вкупното археолошко наследство на земјава потекнува од овој крај. За време на престојот во Гевгелија,министерката за култура, Ирена Стефоска ги посети и Домот на културата во кој се наоѓа Народниот театар,споменикот на слободата на Мрзенски рид и Меморијалниот музеј во село Конско. им/нд/

Остани поврзан