Стефковски: По четири децении, Домот на културата „11 Октомври“ повторно оживува
- Во населбата Ченто, општина Гази Баба, денеска ќе биде пуштен во употреба Домот на културата „11 Октомври“, соопшти градоначалникот Бобан Стефковски.
Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Во населбата Ченто, општина Гази Баба, денеска ќе биде пуштен во употреба Домот на културата „11 Октомври“ - соопшти градоначалникот Бобан Стефковски.
- Она што со децении беше празнина, денес станува симбол на нов почеток. Ова не е само објект. Ова е дом за идеи, за уметност, за младите, за иднината. Ова е срцето што повторно чука за Ченто и за цела Гази Баба - објави градоначалникот на „Фејсбук“.
Според објавата на градоначалникот, објектот се отвора повторно по 40 години.
- Ветивме и остваривме. Ова е доказ дека кога има волја - има и резултат. Делата зборуваат за нас - дополни тој во својата објава. ар/дма/
Фото:МИА