• сабота, 27 јули 2024

Стефковски: Подготвено делуваме на терен, патот што води од Стајковци, Црешево, Булачани кон Раштак е исчистен

Стефковски: Подготвено делуваме на терен, патот што води од Стајковци, Црешево, Булачани кон Раштак е исчистен
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски попладнево на својот Фејсбук профил напиша дека екипите за зимско оддржување работат на расчистување на снегот. -Подготвено делуваме на терен. Екипите за зимско оддржување работат на расчистување на снегот. Навремена и брза е реакцијата од страна на кризниот штаб. Патот што води од Стајковци, Црешево, Булачани кон Раштак е исчистен со фрлена сол и ризла во два наврати. Граѓаните можат слободно и навремено да ги реализираат своите обврски, напиша градоначалникот Стефковски. мд/цр  

Остани поврзан