Стефковски: Гази Баба има иднина, со народот можеме се
- Во изминатите четири години Гази Баба чекореше напред. Тоа беше вистинскиот пат за граѓаните, за решавање на нивните проблеми. Бобан Стефковски е човек кој четири години работеше посветено, но пред се чесно и остана со чист образ. Работник, жилав борец за подобра Гази Баба која не смее повеќе да запре, порача премиерот Христијан Мицкоски во видео обраќање на вчерашниот настан на кој беше промовирана кандидатурата на Стефковски за втор мандат за градоначалник на општина Гази Баба.
Скопје, 23 јули 2025 (МИА) - Во изминатите четири години Гази Баба чекореше напред. Тоа беше вистинскиот пат за граѓаните, за решавање на нивните проблеми. Бобан Стефковски е човек кој четири години работеше посветено, но пред се чесно и остана со чист образ. Работник, жилав борец за подобра Гази Баба која не смее повеќе да запре, порача премиерот Христијан Мицкоски во видео обраќање на вчерашниот настан на кој беше промовирана кандидатурата на Стефковски за втор мандат за градоначалник на општина Гази Баба.
Мицкоски најави дека Гази Баба ќе ја има неговата поддршка во следните четири години и додаде дека Стефковски е човек на ВМРО-ДПМНЕ, но е секогаш отворен и достапен за сите и истакна дека тој на има неоговата поддршка за втор мандат.
-Верувам дека заедно ќе направиме многу повеќе и заедно ќе дојдеме до многу нови победи, истакна премиерот Мицкоски.
Кандидатот за втор градоначалнички мандат Стефковски се заблагодари на граѓаните за нивното присуство, но и за поддршката која му ја даваат во изминатите четири години.

-Во вториот мандат, нема да го менуваме пристапот туку ќе је засилиме динамиката. Имаме уште многу работа. Ќе продолжиме да бидеме постојано на терен со граѓаните. Ќе работиме одговорно, чесно и домаќински. Имаме план, имаме тим. Најважно од се – ја имаме Вашата доверба, рече Стефковски.
Гази Баба, додаде, има иднина затоа што има луѓе, а со луѓето, со Вас народот – можеме се.
-Ве повикувам на локалните избори да донесете одлука за стабилност, сигурност и развој. Да продолжиме со нови проекти. Да не дозволиме сенки од минатото да ни се претставуваат како ликови за иднината. Гази Баба нема време за експерименти и враќање назад. Гази Баба оди напред! Ви благодарам за довербата. Ви благодарам за поддршката. Јас сум еден од Вас. Ќе работам за Вас и ќе бидам со Вас. За мене чистиот образ нема цена, истакна Стефковски.
На настанот преку директни сведоштва зборуваа граѓани од различни профили пензионер, наставник, млад човек, земјоделец.. Сите тие заедно ја дадоа својата поддршка на кандидатурата за втор мандат на Стефковски. Воедно беа присутни и кандидатите за градоначалници на град Скопје и на општина Карпош, Орце Ѓорѓиевски и Сотир Лукровски, пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Тони Јаревски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски.вј/дма/
Фото: Принтскрин