• сабота, 23 ноември 2024

Стефковски: Бесплатна градинка за социјалните и многудетните семејства во Гази Баба

Стефковски: Бесплатна градинка за социјалните и многудетните семејства во Гази Баба
Скопје, 11 април 2023 (МИА) - Советот на општина Гази Баба на предлог на градоначалникот Бобан Стефковски донесе Одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на деца во градинка на социјалните и многудетните семејства.
 
Како што напиша Стефковски на својот фејсбук профил, продолжува грижата за дечињата и поддршката за социјално загрозените и многудетните семејства на територија на општина Гази Баба.
 
-На вчерашната седница на Советот на општина Гази Баба беше донесена Одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на деца во градинка на следните категории родители: Родители на три деца запишани во градинка, се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој за едно дете, Самохран родител со примања до една минимална плата или со останати приходи во износ до една минимална плата се ослободува од плаќање месечен надоместок за престој на детето/децата, Двајца родители без приходи или самохран родител без приход (невработени лица) се одлободуваат од плаќање месечен надоместок за престој на детето/децата, Двајца родители од кои еден е без приходи (невработено лице), а другиот родител со примања до една минимална плата или со останати приходи во износ до една минимална плата се ослободуваат од плаќање месечен надомест за престој на детето/децата, Родител на деца со категоризација за потешкотии во развојот на детето/децата, се ослободуваат од плаќање надомест за престој на детето/децата, наведува градоначалникот.
 
Според него, дополнително, преку оваа мерка, се создаваат услови на еднаквост на децата и се овозможува секое дете да има можност да помине период во градинка во својата предучилишна возраст.
 
-Ги повикувам граѓаните да ја искористат оваа можност, напиша Стефковски. мч/дма/
 
фото: ФБ на градоначалникот Бобан Стефковски

Остани поврзан