• среда, 25 декември 2024

Стефановиќ: Силно ја поддржувам задолжителната вакцинација за воените лица

Стефановиќ: Силно ја поддржувам задолжителната вакцинација за воените лица
Белград, 21 јули 2021 (МИА) - Српскиот министер за одбрана, Небојша Стефановиќ денеска изјави дека силно ја поддржува задолжителната вакцинација против Ковид-19 за воените лица, наведувајќи дека во воениот систем постои дисциплина и по тоа прашање, јави допсиникот на МИА од Белград. - Ние немаме никаква обврска, но јас тоа силно го поддржувам, го советувам тоа и сите луѓе кои се вакцинираат потпишуваат дека тоа го прават доброволно. Но, во војската постои еден вид дисциплина и одговорност, затоа верувам дека до крајот на годината вакцинацијата ќе се засили и таа ќе се подобри, изјави Стефановиќ на ТВ Прва. - Имаме подобра состојба со короната бидејќи имаме вакцина, но не и доволно вакцинирани. Секој мора да разбере дека треба да се вакцинираме, ако сакаме да си помогнеме себеси, но и на здравствените работници, додаде Стефановиќ,. Министерот за одбрана зборуваше и за задолжителната воена служба оценувајќи дека неговиот личен став е дека во Србија треба да се воведе и оти за тоа треба да се дискутира. Според Стефановиќ воведувањето на задолжителната воена служба не треба да се прави набрзина, туку со сите обезбедени услови, инфраструктура која може да ги прими младите. об/ми/

Остани поврзан