• сабота, 23 ноември 2024

Стерјовски: Неодредувањето датум за Скопје и Тирана за почеток на преговори со ЕУ последователно разочарување

Стерјовски: Неодредувањето датум за Скопје и Тирана за почеток на преговори со ЕУ последователно разочарување
Тирана, 24 јуни 2021 (МИА) - Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето на денешната пленарна седница на албанскиот парламент се задржа на неодредувањето датум за Тирана и Скопје за почеток на преговири со ЕУ, оценувајќи го како „последователно разочарување на сериозноста на проширувањето на Европската унија“. Според него фактот дека повеќето земји од ЕУ се согласиле за датум за одржување на Првата меѓувладина конференција покажува дека и двете земји направиле чекори напред, спровеле реформи и заслужиле отворање на преговорите за членство. - Жално е што една земја-членка на ЕУ, како Бугарија со бројни проблеми во владеењето на правото, корупцијата и човековите и малцинските права, кршејќи ги основните принципи на градење и функционирање на европското семејство, употреби вето на процесот, користејќи изговори што не се поврзани со овој процес и тоа е закана за еднаквоста и самото значење на градењето на ова големо семејство, рече Стерјовски од собраниската говорница. Посочи дека сепак оваа одлука не треба да ги обесхрабри и двете држави. - Се разбира, оваа одлука не треба да ги обесхрабрува политичката класа и државните институции да продолжат со реформите и да го продлабочуваат процесот на интеграција и истовремено да им покажат на нашите стратешки партнери Европската унија и САД дека двете земји, Албанија и Македонија, се решени да се доведе до крај алтернативата за интеграција во ЕУ, како единствена алтернатива за која се стремат граѓаните на овие земји, порача Стерјовски. На завчерашниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ, Скопје и Тирана останаа без датум за почеток на преговори со надеж дека меѓувладина конференција за двете земји ќе се одржи што поскоро за време на словенечкото претседавање. вт/цр/

Остани поврзан