• вторник, 24 декември 2024

Стерјовски меѓу Македонците во Врбник и Глобочани

Стерјовски меѓу Македонците во Врбник и Глобочани
Пустец, 18 април 2021 (МИА) - Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој е во трка за нов пратенчки мандат, деновиве има интензивни средби со Македонците во округот Корча. Тој, заедно со градоначалникот на Општина Девол, Едуарт Дуро, ги посетија Македонците во село Врбник, кое административно потпаѓа под општина Девол. -Разговаравме за секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите на ова село во Албанија и побаравме поддршка за парламентарните избори. Жителите ми се заблагодарија што сум првиот пратеник кој што во албанското Собрание имам зборувано за проблемите на Врбник и ја изразија нивната поддршка да продолжам да бидам гласот на Македонците во албанското Собрание, објави Стерјовски на Фејсбук, каде постира и видео-запис каде заедно пеат изворна македонска песна од овој крај. Деновиве, заедно со градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски посетија повеќе населени места во оваа општина, меѓу кои и селото Глобочани, родното место на еден од најпознатите албански писатели, со македонско потекло, Стерјо Спасе. -Со градоначалникот Пали Колефски ги посетивме жителите на село Глобочени и побаравме подршка на парламентарните избори. По реконструкцијата на старата училишна зграда во која се школувал Стерјо Спасе, еден од најпознатите писатели од втората половина на 20 век, а која прераснува во музеј „Стерјо Спасе“ денови ќе започне и изградбата на водоводот во Глобочени. Заедно во нови битки за права, просперитет, интеграција и економски развој, наведува Стерјовски. Тој е чест гостин на албанските медиуми кои без исклучок наведуваат дека бил еден од најактивните пратеници што го претставуваат регионот Корча, но и воопшто меѓу сите народни избраници и со посебна почит констатираат дека никогаш не го криел сопствениот, македонски идентитет. -Еден од луѓето кои секогаш го кревале својот глас за својата заедница е Васил Стерјовски.Тој повторно се кандидира на изборите на 25 април, 12-ти на листата кандидати за пратеници на Социјалистичката партија, оценува, меѓу другото Корча 24. Стерјовски е на кандидатската листа на Социјалистичката партија за округот Корча, каде го доби и првиот мандат. вт/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан