• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стартува новата авиолинија од Истанбул до Охрид

Стартува новата авиолинија од Истанбул до Охрид

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Со првиот лет на турската авиокомпанија  „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Охрид денеска свечено е означен стартот на нововоспоставената авионска линија.   

Летовите од Истанбул - Охрид ќе се реализираат четири пати седмично и тоа во понеделник, четврток, петок и недела. Турската авикомпанија за оваа линија ќе користи авиони „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота.

Според надлежните, оваа нова линија ќе значи многу за развојот на туризмот, но и за развој на економијата. 

Првите патници од Истанбул на охридскиот аеродром беа пречеани од премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“, Серкан Каптан, главниот извршен директор на „Туркиш ерлајнс“ Билал Екси и турскиот амбасадор Фатих Улусој. аб/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан