• среда, 27 ноември 2024

Стартува изградбата на браната на река Отиња

Стартува изградбата на браната на река Отиња
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на свеченоста по повод почетокот на изградбата на браната на река Отиња во Штип. Како што соопшти владината прес-служба, покрај премиерот Заев, на настанот обраќања ќе имаат и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Штип, Сашко Николов. Инвестицијата на овој значаен капитален проект е во вредност од 306 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски. сп/мд/

Остани поврзан