• сабота, 23 ноември 2024

Стартуваат мечевите од екипното државно првенство, Југ ја брани титулата

Стартуваат мечевите од екипното државно првенство, Југ ја брани титулата

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) – Од утре до четврток ќе се одигруваат мечевите од Државното екипно првенство на Македонија во тенис.  

Оваа година седум екипи ќе настапат во следните четири дена, а поделени се во две групи (една со три екипи, а втората со четири). Победниците на групите во четврток ќе играат во финалето, а второпласираните ќе е борат за третата позиција.

Според распоредот во групата 1 се екипите: Југ од Скопје, Неготино од Неготино и Тумба од Куманово, а во групата 2 се Поинтер од Скопје, МТП од Скопје, Битола од Скопје и Мондано од Скопје.

Во првото коло утре ќе играат: 
Југ – Тумба
Поинтер – Мондано
МТП – Битола

Слободна е екипата на Неготино. Почетокот на мечевите е во 9 часот, а ќе се играат на терените на ТК Југ.

Титулата од минатата година ја бранат тенисерите на Југ. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан