• понеделник, 29 јули 2024

Стартот на 88-та собраниска седница закажан за 16 часот

Стартот на 88-та собраниска седница закажан за 16 часот
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Собраниската 88-седница ќе започне денеска во 16 часот, информираа попладнево од Кабинетот на претседателот на Собранието. Одложувањето на стартот на седницата која првично беше закажана за 11 часот, па потоа поместена за 13 часот, беше поради проблеми со електрониката. Во текот на денот дневниот ред на 88. седница постојано се дополнуваше со нови точки. На дневен ред на оваа седница, меѓу останати, се и измени и дополнувања на закони, како дел од меркита за справување со енергетската криза, потоа на законот за здруженија и за политичките партии, како и избор на нов министер за локална самоуправа и на двајца судии во Уставниот суд. вг/сп/

Остани поврзан