• сабота, 23 ноември 2024

Стармер: Можен подобрен договор со ЕУ во услови по Брегзит

Стармер: Можен подобрен договор со ЕУ во услови по Брегзит

Белфаст, 8 јули 2024 (МИА) - Новиот британски премиер Кир Стармер денеска изјави дека ќе изгради подобрен договор со Европската унија за трговските правила по Брегзит и ќе го обнови „лошо постигнатиот договор“ потпишан од поранешниот премиер Борис Џонсон.

Стармер рече дека новата влада прво ќе треба да ги спроведе промените според сегашниот договор за да изгради доверба со Европската унија. „Мислиме дека можеме да постигнеме подобар договор од неуспешниот договор што ни го донесе Борис Џонсон и ќе работиме на тоа. Нема да можеме да постигнеме подобри односи доколку не покажеме посветеност на односите и веќе постигнатите договори“, рече Стармер по разговорите со лидерите на Северна Ирска во Белфаст.

Лабуристите ја отфрлија можноста повторно да се приклучат на единствениот пазар на ЕУ или царинската унија, но се согласуваат дека е можно да се отстранат некои трговски бариери со ЕУ, која Британија ја напушта во 2020 година.

Новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Леми, рече дека Лабуристичката партија сака да склучи заеднички безбедносен пакт со ЕУ кој ќе опфати широк спектар на прашања, вклучувајќи одбрана, климатска криза, пандемии и недокументирана миграција. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан