• среда, 25 декември 2024

Стано: Референдумите во Русија се ескалација, ќе одговориме на соодветен начин

Стано: Референдумите во Русија се ескалација, ќе одговориме на соодветен начин
Брисел, 27 септември 2022 (МИА) – Европската Унија повтори дека референдумите кои се организираа овие денови во повеќе украински области за присоединување кон Русија се нелегални и нема да бидат признаени, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, изјави дека овие референдуми се одвиваат под воена закана и дека локалното население таму е протерано, и дека ЕУ нема да ги признае резултатите. Русија од саботата до денеска организираше референдуми во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје за присоединување кон Русија. Кремљ предупреди дека натамошна поддршка на западните сили во овие региони може да се смета за директно учество во воениот конфликт меѓу Русија и Украина. - Земјите членки на ЕУ соопштија дека овие референдуми сè уште знак на ескалација од страна на Русија, а ние ќе реагираме на соодветен начин, одговори Стано на прашање како ЕУ се позиционира пред овие закани, но не даде повеќе детали за тоа што значи „соодветно“. Во меѓувреме лицата и ентитетите кои на каков било начин ги поддржале референдумите во четирите украински области подлежат на санкции во Европската Унија, вклучително и ако станува збор за европски граѓани. На секоја земја членка останува да одлучи дали и како ќе ги санкционира оние кои учествувале во овие дејствија. Европската Унија исто така разговара за нов пакет санкции, но за ова нема детали во овој момент. тм/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан