• недела, 28 јули 2024

Стано: По Вашингтон, разговорите меѓу Белград и Приштина продолжуваат во Брисел

Стано: По Вашингтон, разговорите меѓу Белград и Приштина продолжуваат во Брисел
Брисел, 4 септември 2020 (МИА) - Портпаролот на ЕУ, Питер Стано изјави дека по потпишувањето на договорот за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина во Вашингтон, разговорите за сеопфатен договор во Брисел ќе продолжат, во согласност со меѓународното право и стандардите на ЕУ. - Сега очекуваме да ги поздравиме страните кои ќе продолжат да работат на сеопфатен договор за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово за време на викендот и следната недела, рече Стано. Портпаролот на ЕУ додаде дека разговорите со посредство на ЕУ во Брисел се однесуваат на сите отворени прашања од односите меѓу Белград и Приштина во согласност со меѓународното право и стандардите на ЕУ. паг/  

Остани поврзан