• вторник, 24 декември 2024

Стано за смртта на новинарката Викторија Рошчина: Не може да има неказнивост за злоставување на новинарите 

Стано за смртта на новинарката Викторија Рошчина: Не може да има неказнивост за злоставување на новинарите 

Брисел, 11 октомври 2024 (МИА) – Европската Унија постојано повторува дека остро ги осудува убиствата, физичките напади, произолни те притворања и која било друга форма на заплашување или малтретирање со кои се соочуваат новинарите, особено во време на конфликти, додека ги вршат своите професионални обврски, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во врска со информациите за смртта на украинската новинарка Викторија Рошчина во руски затвор. 

- Европската Унија сочувствува, пред се со украинскиот народ, но и со новинарите. Ние сме згрозени од извештаите за смртта на украинската хонорарна новинарка Викторија Рошчина, додека беше незаконски произволно притворена од страна на руските власти. Нашите мисли се со нејзиното семејство, нејзините пријатели и со нејзините колеги, истакна Стано. 

Тој потенцира дека позицијата на Европската Унија е дека не може да има неказнивост за кршење на човековите права и злоставување на новинарите. 

Запрашан што може да направи ЕУ за политичките и другите затвореници во руските затвори, Стано нагласи дека Русија се уште е членка на Обединетите нации и постојана членка на Советот за безбедност на ОН, така што е обврзана со меѓународното право и Женевската конвенција, но и со сопствениот Устав, да гарантира одредени права за лицата во затворите и да се грижи за нивната благосостојба и физичка безбедност. 

- Русија има должност да ги почитува овие обврски, кои ги прифати доброволно, но гледаме дека не го прави тоа. Затоа треба да ја мобилизираме меѓународната заедница за осуда на кршењето на меѓународното право, на Повелбата на ОН и на сите други прекршувања што ги прави рускиот режим, рече Стано. 

Според него, потребно е засилување и продолжување на меѓународниот притисок врз руските власти за да ги прекинат овие незаконски практики и да стават крај на постојано прекршување на меѓународното право, меѓународното хуманитарно право и на Повелбата на ОН. 

Украинските власти вечера соопштија дека новинарката Викторија Рошчина, која исчезнала на територијата на Украина окупирана од страна на Русија, починала во руско заробеништво. сп/ 

Фото: Икс/Скриншот

Остани поврзан