Станојковски доминантен на сениорскиот ТОП 8 турнир во пинг-понг
- Само еден ден по одржувањето на Државното првенство за сениори, поради скратениот календар на Пингпонгарската федерација на Македонија, се одржа ТОП 8 турнирот на кој учествува најдобрите осу

Скопје, 24 мај 2021 (МИА) – Само еден ден по одржувањето на Државното првенство за сениори, поради скратениот календар на Пингпонгарската федерација на Македонија, се одржа ТОП 8 турнирот на кој учествува најдобрите осум играчи од ранг-листата за сениори.
Во конкуренција на сениори Кристијан Станојковски уште еднаш докажа дека е најдобар и уверливо со шест победи од шест натпревари супериорно го освои првото место.
Пласман на најдобрите тројца во машка конкуренција:
1.Кристијан Станојковски
2.Сашо Смолиќ
3.Филип Младеновски.
Кај сениорките државната првенка Амелија Уце не успеа да ја потврди доминацијата. Свој ден на ТОП 8 турнирот имаше Билјана Младенова која со максимален учинок го освои првото место.
Најдобри три пингпонгарки:
1.Билјана Младенова
2.Амелија Уце
3.Ана Стојановска. зс/