• понеделник, 23 декември 2024

Ставот на премиерот Мицкоски за Бехтел и Енка е ист, но вели дека како одговорен политичар нема да оди чекор назад

Ставот на премиерот Мицкоски за Бехтел и Енка е ист, но вели дека како одговорен политичар нема да оди чекор назад

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека неговиот став за зделката со „Бехтел и Енка“ во врска со Коридорот 8 не е променет, но како одговорен политичар нема да дозволи да се оди чекор назад од тоа што е почнато. 

-Мојот став поврзан со тој Коридор и со таа зделка не е променет. Јас до ден денеска истото го кажувам. Но, како одговорен политичар нема да дозволам да одам чекор назад тоа што е веќе почнато, бидејќи на тој начин покрај 350 милиони евра коишто веќе се платени од страна на претходната влада како аванс, а не е ништо направено. Имајќи го во предвид тој криминален и антидржавен договор ќе завршиме на арбитража која што сигурно ќе ја изгубиме и така ќе платиме уште нови 350 милиони најмалку долари и ќе дојдеме до цифра помеѓу 700 и една милијарда, а нема да добиеме ниту еден километар автопат, изјави Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека тој и неговата Влада одлучиле да засукаат ракави и да работат. Парите на граѓаните, додаде Мицкоски, да бидат вложени во образованието итн.

-Еве ќе ви дадам еден пример, да речеме завршува една арбитража и поради едно такво однесување неодговорно на претходната влада сега вие граѓаните ќе треба да платите 450 милиони долари изгубена добивка. Завршена е таа арбитража. Јас така нема да се однесувам додека сум премиер. Инаку ставот е ист. Но прашањето е дали ќе бидам неодговорен или ќе бидам одговорен. Неодговорноста значи помалку за вас, а повеќе за тие компании коишто за жал имале работа со несовесни и неодговорни политичари, рече Мицкоски. ев/нд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан