• среда, 27 ноември 2024

Ставени во функција реквизитите на реконстурираниот парк кај Равна Река - Пехчево

Ставени во функција реквизитите на реконстурираниот парк кај Равна Река - Пехчево

Пехчево, 1 мај 2024 (МИА) - Во туристичката населба Равна Река во Пехчево ставени се во функција реквизитите, кои беа поставени во рамки на проектот за реконструкција и изградба на рекреативен центар од отворен тип. Како што информираше градоначалникот на Општината, Александар Китански иако проектот не е завршен, сепак граѓаните и туристите за време на празниците можат да ги користат реквизитите во склоп на паркот.


-Ги информираме граѓаните дека проектот за реконструкција и изградба на рекреативен центар од отворен тип на туристичкиот локалитет Равна река - Пехчево е пред завршување, но може да се користи. За таа цел, ве покануваме да го посетите за време на престојните празници, истакна Китански.

Тој апелираше на рационално одлагање на отпадот за време на престојот во туристичката населба.

-Исто така ги замолуваме сите гости намерници, да внимаваат со расфрлање на отпадоци и истите при излегување да бидат оставени во соодветните садови за отпад. Истотп важо и при посетата на водопадите кои се наоѓаат во близина на паркот, да се внимава со оставање на отпадот на соодветно место, при што комуналните служби би можеле да го подигнат, додаде Китански.

Градежните работи за реализација на проектот „Уредување на рекреативен центар во пехчевската туристичка населба Равна Река – I и II фаза“ се реализираат преку Центарот за развој на Источно-плански регион со финансиска поддршка од страна на Бирото за регионален развој.

Официјалното пуштање во употреба на рекреативниот центар како што најави пехчевскиот градоначалник ќе се реализира во текот на периодот кој следи. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан