• сабота, 23 ноември 2024

ССМ ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори со Законот за минимална плата

ССМ ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори со Законот за минимална плата
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) - Сојузот на синдикати на Македонија ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори согласно со Законот за минимална плата. Тужбата, како што денеска изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски, ќе биде поднесена пред домашните и странските судови. - ССМ ќе поднесе колективна тужба пред домашните судови и пред Советот на Европа по основ на непочитување на колективните договори, непостоење на социјалниот дијалог, кој во минатото го имавме, како и по основ на усогласување на законите со колективните договори, изјави Димовски по денешната седница на Претседателството на ССМ. Ја повика Владата доколку навистина има волја да ги усогласи колективните договори, тоа јавно да го каже и да се потпише спогодба со која ќе биде загарантирано усогласувањето на останатите плати со порастот на минималната плата. - Ако Владата навистина е подготвена да ги усогласи колективните договори согласно порастот на минималната плата, нека каже. До септември, ние работниците ќе најдеме начин како да преживееме, ама да знаеме и да потпишеме спогодба со која ќе ни бидат загарнтирани 18,4 проценти од септември, рече Димовски. Во однос на штрајкот во јавниот сектор, Димовски информираше дека ќе се оди со други форми на притисок со кои ќе се изрази незадоволството. - ССМ не бара зголемување, туку усогласување на сите плати согласно порастот на минималната плата, подвлече Димовски. Штрајкот во јавниот сектор почна на 22 јуни. Досега, синдикатот потпиша успгласување на платите во 33 јавни претпријатија со што се опфатени над 12 илјади работници, а се преговара со уште 12 комунални претпријатија. Договори се потпишани и со пет општини, а во тек се преговари со уште 14. бак/лв/

Остани поврзан