• четврток, 26 декември 2024

ССМ реагира што Предлог-законот за административни службеници повторно е ставен на собраниска седница

ССМ реагира што Предлог-законот за административни службеници повторно е ставен на собраниска седница

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Сојузот на синдикатите на Македонија реагира што Предлог законот за административни службеници, по скратена постапка повторно е ставен на собраниска седница што треба да се одржи денеска.

- Укажуваме дека праксата со злоупотребата на европското знаме за кратење на времето за дебата, оневозможување на консултација со синдикатите, со стручната јавност и со сите засегнати страни, особено за кратење на работничките права е недозволиво во едно демократско општество. Со Предлог на законот за административни службеници, по скратена постапка, ќе се направи непоправлива штета по платите на вработените за кои се применува овој закон, особено поради тоа што на мала врата се крати правото на вработените да добијат усогласување на нивните плати со минималната плата од месец март 2024 година и на тој начин секој еден вработен ќе добие најмалку 2.500 денари започнувајќи со исплатата на мартовската плата која се исплаќа најдоцна до 15 април 2024 година, укажува Сојузот на синдикати на Македонија.

Бараат, како краен механизам, да не се овозможува кворум за работа на Собранието по оваа точка за да не може да се гласа. - Гласајте прво за кратење на Вашите плати, а не за кратење на нашите (работничките) плати, се вели во соопштението од ССМ. бак/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан