• сабота, 23 ноември 2024

ССМ ги повикува пратениците да го изгласаат амандманот за усогласување на платите во јавниот сектор

ССМ ги повикува пратениците да го изгласаат амандманот за усогласување на платите во јавниот сектор
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повикува пратениците од власта и опозицијата да го изгласаат амандманот за усогласување на платите за 2.806 денари во јавниот сектор пред, како што велат, дополнителното зголемување на цените на електричната енергија, нафтените деривати и новите ценовни шокови. -Гласајте го амандманот на ССМ за усогласување на платите за 2.806 денари во јавен сектор предложен од ВМРО-ДПМНЕ и не ја користете расправата за ребалансот за дополнително да ги уназадувате работничките права преку укинување на недела неработен ден во туристичките места, а тоа значи насекаде, порачуваат од ССМ и велат дека амандманот треба да биде изгласан ден побрзо од сите пратеници. Нагласуваат дека на комисиската расправа пратениците треба времето да го трошат за утврдување на ставките преку кои сите работници од јавен сектор од 1 јули годинава ќе го добијат усогласувањето на платите со порастот на минималната плата од 2.806 денари, а во спротивно ќе имаат удел за штрајкот на 22 јуни година што го закажа ССМ доколку не биде усвоен нивниот амандман. На собраниската Комисија за финансирање и буџет неделава почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година. Во текот на расправата треба да се разгледаат и над 200 амандмани меѓу кои и амандманот на ССМ, поднесен преку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. вј/са/

Остани поврзан