• вторник, 24 декември 2024

ССК: Македонската винска индустрија е пример во кој правец треба да се развива македонската економија

ССК: Македонската винска индустрија е пример во кој правец треба да се развива македонската економија

Скопје, 12 август 2023 (МИА) – Делегација на Сојузот за стопански комори на Македонија – ССК предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпретседателите, Горан Ѓеорѓиевски, Орце Симов и Сашо Дукоски, заедно со директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, остварија посета на македонската винарија „Имако“ лоцирана во штипскиот регион.

Како што соопштуваат од Сојузот, менаџерот за развој на винаријата Никола Љуботенски, ги преставил производствените капацитети за произвоство на вино, дестилеријата за производство на традиционални ракии и вињаци.

-Ќе се согласиме дека не постои единствена формула за високо квалитетно македонско вино, бидејки треба да се има многу љубов и посветеност кон лозарството произведувајќи  врвна суровина, врвно грозје, сончеви денови, стручен експертски кадар и квалитетна технологија, што несомнено македонските винарии го имаат. На десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар и фестивал (BIWC) осовоивме 7 медали за нашите вина, истакнал Никола Љуботенски од винаријата Имако.

Според Ангелоски, винската индустрија е потребно да добие уште повисоко место во македонската економија, бидејки во последните години бележи континуиран раст и извоз кој според истражувањата на World`s Тop Exsports ја вбројува нашата земја како производител и извозник на вино помеѓу 15-те земји во светот за 2022 година. 

Од Сојузот наведуваат дека е забележан раст од 4,3 проценти и извоз од 60,365 милиони долари за 2022 година, со што македонската винска индустрија се најде во друштвото на Франција, Италија, Шпанија, Нов Зеланд, Чиле, Португалија, Аргентина, Австралија, Јужна Африка, Грузија, Молдавија, Унгарија кои заедно испорачуваат 92,4 проценти од вкупниот светски извоз на вино во 2022 година.

-Винскиот туризам, или попознат како „ено-гастро концепт“ е меѓу најпопуларните трендови во светот бидејќи претставува совршен спој на локално вино и хедонизам. Нашата земја со својата местоположба, клима и гостопримливост, се наметнува како една од земјите со најголем потенцијал за ено-гастро туризмот како клучен сегмент од туристичката понуда. На овој начин дирекно се овозможува зајакнување на локалната економија, производството на локална храна, новите зелени работни места кои ќе овозможат намалување на миграцијата, истакна директорот на Агеннција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Сојузот најавува ваквите посети да продолжат и во следниот период и дека нивната цел е запознавање со потребите и предизвиците со кои се среќаваат македонските компании во нивното работење. 

-Потребна е уште поголема фокусираност за создавање на бизнис клима со која ќе се овозможи зголемување на условите за производство и стимулирање на извозот преку сет на мерки кои во следниот период ќе бидат подготвени и предложени на владата  од експертските тимови на ССК, информираат оттаму.свс/цр

Фото: ССК

Остани поврзан