• сабота, 23 ноември 2024

ССК: Воспоставување на брза лента на границите за туристичките автобуси во рамки на „Отворен Балкан“

ССК: Воспоставување на брза лента на границите за туристичките автобуси во рамки на „Отворен Балкан“

Скопје, 9 јуни 2022

Претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски  и претседателот на Туристичко-угостителската комора, Аркан Керим беа дел од самитот „Отворен Балкан“ кој се одржа во Охрид, како настан од голема важност на кој присуствуваа највисоки државни претставници од нашата земја, Албанија, Србија кои се дел од  Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и претставници на деловните мрежи, туристичкиот сектор.

Претседателот на Сојузот, Ангелоски истакна дека иницијативата „Отворен Балкан“, е исклучително важна бидејќи ќе ја унапреди економската соработка во регион, што сега е потребно повеќе од кога било порано, ако се земат во предвид сите негативните фактори кои ги зесегаат бизнисите, граѓаните и општествата пошироко.

„Ние како претставници на бизнис заедницата ставаме акцент на забрзување на протокот на луѓе и стоки што е од особено значење за непречено одвивање на деловните активности. Во таа насока истакнуваме иницијатива за воспоставување на зелена линија за движење на патници и туристички автобуси во земјите кои се дел од „Отворен Балкан“, истакна Ангелоски.

Претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот, Аркан Керим појаснува дека иницијативата се однесува на организираните туристички автобуси за кои би се овозможило брз проток на граничните премини во земјите од „Отворен Балкан“ како и за организирани туристички посети кои доаѓаат од трети земји.

„ Автобусите сега се задржуваат на граничните премини два до три часа што е навистина загубено време. Ова е проблем на речиси сите гранични прекини. Затоа и ја истакнуваме оваа иницијатива која ќе има значаен позитивен ефект. Туроператорите или туристичките агенции кои ги организираат патувањата ќе имаат обврска една недела пред патувањето да ги информираат граничните служби за личните податоци на патниците како име и презиме и бројот на патната исправа “, појаснува Керим.

Претставниците на Сојузот во рамките на самитот остварија средби со високите претставници на државните институции од другите земји како и со претставниците на стопанските комори на кои меѓу другото акцент се стави на големиот потенција за развој на туризмот.

„Нашата иницијатива беше одлично прифатена бидејќи сите се соочуваме со истиот проблем. Се договоривме заеднички да работиме на реализација на оваа идеја, секој во својата земја и до септември да се обидеме ова да го имплементираме во пракса“, истакнува претседателот на Туристичко-угостителската комора.

За реализација на оваа иницијатива позитивно окружување создава и Меморандумот за разбирање за соработка во областа на туризмот, кој го потпишаа министери од нашата земја, Албанија и од Србија. Со овој документ се предвидуваат активности за заедничка промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација.

     

Сојуз на стопански комори на Македонија

__________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан