• вторник, 14 април 2026

Српскиот претседател продолжува со консултациите со политичките партии

Српскиот претседател продолжува со консултациите со политичките партии

Белград, 14 април 2026 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги продолжува  консултациите со претставниците на партиите - денеска ќе има разговори со Руската партија, со Единствена Србија и со Зелената партија на Србија. Темите на консултациите се вонредните парламентарни избори и постапките на Србија во сложени меѓународни околности на безбедносниот и енергетски план.

Тој во изминатата недела имаше консултации со претставници на Движењето на социјалистите, Сојузот на војводинските Унгарци, Партијата за правда и помирување, Српската напредна странка, Социјалистичката партија на Србија, Социјалдемократската партија на Србија, Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина и Партијата на обединетите пензионери на Србија.

Повеќето од опозициските парламентарни партии одбија да учествуваат во консултациите.

Вучиќ синоќа повтори дека парламентарните избори ќе се одржат оваа година, наведувајќи како можност - до 10 јули, или од септември до крајот на годината.
„И надлежната релевантна институција ќе донесе одлука за ова во согласност со интересите на граѓаните“, рече тој. зш/јт/

Фото: Кабинет на Вучиќ

Остани поврзан