• вторник, 24 декември 2024

Српскиот министер за надворешни работи в петок на божиќен прием во Загреб

Српскиот министер за надворешни работи в петок на божиќен прием во Загреб

Белград, 4 јануари 2022 (МИА) – На традиционалниот божиќен пречек во Загреб организиран од Српскиот национален совет (СНВ) в петок ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, министерот за човекови права во српската влада, Томислав Жигманов, патријархот српски Порфириј и од хрватската партија премиерот Андреј Пленковиќ со министри.

 
„Годинашниот прием на СНВ ќе биде централен настан на почетокот на оваа година“, пишува неделникот „Новости“ и истакнува дека тоа е важен чекор напред, овојпат во „одмрзнувањето на односите“ меѓу Хрватска и Србија, со оглед на тоа што на приемот, кој ќе се одржи во загрепскиот хотел „Вест ин“, ќе присуствуваат министерот Дачиќ и неговиот колега Жигманов, кој е и претседател на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина.
 
Од хрватска страна на приемот ќе биде висока владина делегација предводена од премиерот Пленковиќ.
 
Последниот ден од минатата година Дачиќ објави дека Србија на иницијатива на претседателот на државата Александар Вучиќ има намера да ги „одмрзне“ односите со Хрватска. Тој тогаш изјави дека ќе побара помош од Жигманов и Милорад Пуповац, како двајца лидери на малцински организации во двете земји.
 
Последен пат Вучиќ беше во Хрватска во 2018 година, на покана на тогашната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, со која потпиша Декларација за подобрување на односите и решавање на отворените прашања меѓу Србија и Хрватска. паг/

Остани поврзан