• вторник, 24 декември 2024

Средношколци изработија решенија за спасување на реката Брегалница како дел од кампањата „Разбистри се“, наградени петте најдобри

Средношколци изработија решенија за спасување на реката Брегалница како дел од кампањата „Разбистри се“, наградени петте најдобри
Скопје, 22 април 2021 (МИА) - Здружението на граѓани Еко Логик во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбистри сè“, ги поттикна младите средношколци да се пријават со свое решение за зачувување на реката Брегалница како една од најзагрозените водени површини во државава. На настанот, кој поради мерките предизвикани од пандемијата се одржа онлајн беше истакнато дека во следните децени РСМ може да се најде на листата на земји кои ќе имаат недостиг на вода, што најмногу ќе биде изразен во источниот дел на земјата особено кој што ќе ја опфаќа реката Брегалница. Нешкоски од Еко логик истакна дека со овој проект се ставил акцент на важноста на реката Брегалница односно на брегалничкиот регион. -Еко логик е организација која е посветена на промоција на овие работи, но не само тоа туку и подобрување на разни аспекти поврзни со животната средина кои што ние како организација најмногу се фокусираме на таргет групи како деца од основно образование и млади од средно образование, а нашата примарна цел е да го вметнеме неформалното образование во формална средина , бидејќи е пожелно да се вклучува неформално образование формалното дали тоа ќе биде во наставни активности или друг тип на активности, истакна Нешкоски. Во однос на самата кампања разбистри се Моника Асентиевска која е програмски асистент рече дека го одбрале токму денот на планетата со цел да се испрати порака дека мора да реагираме денес за да ги почуствуваме бенефитите во иднина. -Го одбравме Денот на планетата за овој настан во време кога природата и живиот свет се соочени со големи предизвици и опасности, климатските промени, поточно појавите, биолошката разновидност се соочува со масовно исцрпување, а природните ресурси се повеќе се трошат, многу е важно да се управува одржливо со нив и да се заштитат. Токму тоа е и целта на нашата кампања одрржливото управување со водните ресурси, меѓутоа и ефективен инспекциски надзор кој што ќе овозможи да се искористуваат прекумерно сите останати ресурси како почвата и шумите. Важно е во оваа кампања да се вклучат што е можно повеќе засегнати страни, ученици, професори, невладини државни институции факултети, бидејќи веруваме дека заеднички можеме да ги оствариме овие цели, односно да ја заштитиме водата и останатите ресурси и да ги користиме одржливо, рече Асентиевска. Додаде дека е важно младите да бидат вклучени во ваквии проекти бидејќи, како што вели таа, младите не се само корисници на политиките, туку и треба активно да бидат вклучени во носењето на истите преку изготвување решенија. На презентацијата со изготвените решенија средношколците пред се ја истакнаа својата креативност преку своите презентации подготвени со помош на видеа и слики. Дел од нивните решенија опфаќаа предлози, решенија акции, како предлог средношколците потенцираа дека потребно е почесто оргнизирање еко-акции преку кои поединците ќе развијат навика да ги фрлаат отпадоците онаму каде што треба да бидат, понатаму како решение беше предложено да се креира страница на која со секој клик би се добивале пари, а парите би биле пренсочени кон набавување и засадување дрва, некои од учесниците пак, изготвиле писмо со порака за заштита на животната средина и истото било оставено во сандачето на општината од која доаѓаат. -Сакам да упатам апел до сите институции и сите поединци да се однесуваат посовесно кон животната средина поради тоа што ние сме тие кои што треба да ја чуваме чиста животната средина и сакам да ја поттикнам идејата за изградба на поголем број пречистителни станици поради тоа што не само што добиваме чиста вода, туку имаме и уште многу голем број придобивки од отпадите, рече Клара Бојчовска од Пехчево. Петмина од учесниците покрај сертификатите и посетата на центар за зачувување на природата кои ги земаа сите учесници, беа дополнително наградени четворицата најдобри земаа додатоци за велосипед, додека пак Андреј Бубевски кој освои прво место доби велосипед. Тој истакна дека победата и Денот на планетата ќе го прослави со прошетка во природа. Кампањата „Разбистри ја спроведува Институтот за комуникациски студии со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Инаку, реката Брегалница е втора по должина река во државава. Извира во шумскиот дел на Малешевските Планини, во близина на Пехчево и се влева во реката Вардар пред да го продолжи патот кон Егејското Море.свс/скс/

Остани поврзан