Средното училиште „Перо Наков“ во Куманово доби енергетски ефикасна фасада
- Заврши поставувањето на нова енергетско-ефикасна фасада во кумановското средно училиште „Перо Наков“. Реконструкцијата се реализира согласно потпишаниот договор меѓу Министерството за образов

Куманово, 23 септември 2022 (МИА) - Заврши поставувањето на нова енергетско-ефикасна фасада во кумановското средно училиште „Перо Наков“. Реконструкцијата се реализира согласно потпишаниот договор меѓу Министерството за образование и наука, општина Куманово и училиштето во рамки на проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“ на Министерството за образование и наука.
-Очекуваме значително подобри услови за изведување на наставата, пред сè во насока на заштеда на топлинска енергија. Изминативе години спроведени се бројни реконструкции, набавена е нова опрема. Очекуваме наставата да се изведува во подобро услови и за учениците и за вработените, изјави директорката на училиштето Мила Жибак-Димковска.
