• понеделник, 23 декември 2024

Средби на владината делегација во Вашингтон со претставници на НДИ и ИРИ

Средби на владината делегација во Вашингтон со претставници на НДИ и ИРИ
Вашингтон, 1 јуни 2022 (МИА) - Владината делегација, во чиј состав се министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Славјанка Петровска, за економија Крешник Бектеши и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, во рамки на посетата на Вашингтон пред почетокот на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, оствари голем број средби со високи владини претставници и личности од истакнати од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации. Меѓу многубројните активности, владината делегација оствари одвоени средби и со делегации од Националниот демократски институт (НДИ), предводена од претседателот, Дерек Мичел и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), предводена од Даниел Твининг. Како што соопшти МНР, на средбите беше изразено задоволство од започнувањето на Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што претставува значаен исчекор во билатералните односи и надградба на стратешкото партнерство. - Воедно, беа поздравени севкупните активности на НДИ и ИРИ во Северна Македонија, при што беше истакнат напредокот на државата во спроведувањето на реформите клучни за зацврстување на демократските процеси и транспарентноста на институциите , се наведува во соопштението Дополнително, беше изразена благодарност за долгогодишната соработка и поддршка на НДИ и ИРИ, во јакнењето на демократските процеси и капацитети на земјава и беа разгледани и перспективите за идната соработка во насока на обезбедување на понатамошна поддршка за демократски напредок на Северна Македонија. - Во оваа смисла, побараа засилено присуство на НДИ и ИРИ во земјава и поддршка на клучните реформски процеси, како и невладиниот сектор, се додава во соопштението на МНР. сп/

Остани поврзан