• среда, 27 ноември 2024

Средба Османи - Рикер во Њујорк

Средба Османи - Рикер во Њујорк
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со акцент на приоритетите, предизвиците и идните планирани активности во овој контекст, биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи Бујар Османи со Филип Рикер, виш советник на САД за кавкаски преговори и долгогодишен пријател на Северна Македонија, на маргините на 77-то Генерално заседание на ОН, во Њујорк. Како што информираа од МНР, било реафирмирано и силното сојузништво меѓу Северна Македонија и САД, со посебен акцент на неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу двете земји, како значајна пресвртна точка во севкупните билатерални односи. - Соговорниците се осврнаа и на неодамнешното отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, при што Османи упати благодарност за силната поддршка од САД за нашиот евроинтегративен процес. Воедно, беше поздравен континуираниот американски ангажман во Западен Балкан како значајна гаранција за стабилноста и напредокот на целокупниот регион, што е особено важно во контекст на актуелните безбедносни предизвици, наведуваат од МНР. цр/дма/  

Остани поврзан