• понеделник, 20 јануари 2025

Средба Николоски - Улусој: Турција останува значаен трговски партнер на Македонија

Средба Николоски - Улусој: Турција останува значаен трговски партнер на Македонија

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој. На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Труција кои традиционалнo се пријателски и се значајни за двата народи, соопштија од Министерството за транспорт. 
 
На средбата се разговарало и за актуелните состојби меѓу двете земји, традиционалното пријателство меѓу државите и силната соработка.
 
Вицепремиерот Николоски истакнал дека Турција е значаен трговски партнер на Македонија и во таа насока Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.  
 
На средбата станало збор и за  инвестициската програма на Владата во делот на капиталните проекти, а се отворило и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор.
 
Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски изразил благодарност за досегашната подршка што ја овозможува Труција и ја нагласи потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји. сст/нд/

фото Министерство за транспорт
 



 

Остани поврзан