Николоски - Варнс: САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија
- Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на САД во земјата, на која се разговараше за реализацијата на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатите Битола - Прилеп, Кичево - Гостивар (Стража) и Тетово - Гостивар, информираат од Министерството за транспорт.
Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на САД во земјата, на која се разговараше за реализацијата на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатите Битола - Прилеп, Кичево - Гостивар (Стража) и Тетово - Гостивар, информираат од Министерството за транспорт.
На средбата било истакнато дека САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија во реформските процеси во државата, јакнење на институционалните капацитети, владеење на правото и борбата против корупцијата.
- Стратешкото партнерство меѓу двете земји е гарант за обезбедување стабилност во земјата и регионот, особено во услови на силни економски и геополитички потреси во разни делови во светот. Економските односи уште еднаш беа во фокус на разговорите, при што беа потенцирани добрите трговски врски меѓу двете земји, кои бележат континуиран раст и се од огромно значење за деловната клима и за инвеститорите - се вели во соопштението од Министерството за транспорт.

Вицепрмиерот Николоски ја нагласил силната заложба на Владата за економски развој преку реализација на крупните капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција. Истакнал дека предвидените проекти на главните транспортни коридори ќе придонесат за зарбрзан економски и инфраструктурен развој во државата и регионот.
На средбата била нагласена и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаења во разни дејности.
Двајцата говорници потеницирале дека постојат реални можности за интензивирање на економската и на трговската соработката и во насока на добрите пријателски односи меѓу двете земји, истакнаа заедничка подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес. сст/са/
Фото: Министерство за транспорт