• среда, 27 ноември 2024

Средба на Љутков со македонскиот активист Панди Јани

Средба на Љутков со македонскиот активист Панди Јани

Дебар, 2 јуни 2024 (МИА) - Активистот за правата на Македонците во Албанија, Панди Јани и претседател на огранокот на Партијата на слободата, на поранешниот албански претседател Илир Мета за Мала Преспа, остварил средба со македонскиот министер за култура и туризам Зоран Љутков.

-Ми беше чест да остварам средба со министерот за култура и туризам на Република Македонија, Зоран Љутков, на која разговаравме за актуелните проблеми со кои се соочуваат Македонците во Република Албанија. Го посетиле музејот на познатиот албански писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во неговото родно Глобочани, напиша Јани во објавата на Фејсбук. 

Заедно со други претставници од Општина Пустец, како и поранешниот градоначалник Едмонд Темелко, присуствувале на промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од авторот Андријана Јаневска. 

-Оваа средба и промоција беа важен чекор во промовирањето и зачувувањето на македонската култура и традиција на Македонците во Република Албанија. Вакви и слични настани се повеќе од потреба за македонското население не само во Мала Преспа туки и низ цела Албанија, наведува Панди Јани.

Министерот Љутков синоќа го означи за отворен традиционалниот фестивал „Македонско културно лето 2024". вт/бт/

 

Остани поврзан