Средба на јавниот обвинител Коцевски со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Вал
- Соработката помеѓу Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ била тема на денешната средба на јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје.

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Соработката помеѓу Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ била тема на денешната средба на јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје.
Како што информира државното Јавно обвинителство, амбасадорот Вал го запознал обвинителот Коцевски со планираната реформа на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и новата тригодишна стратегија, во чии рамки првиот од петте кластери со активности ќе се однесува на кривичното правосудство.
-Во моментов Мисијата на ОБСЕ врши мапирање на потребите и проценка на секторот правосудство, при што побара соодветен придонес и од Јавното обвинителство. Јавниот обвинител Коцевски се заблагодари на досегашната поддршка од Мисијата на ОБСЕ и детално го запозна амбасадорот со предизвиците и потребите со кои се соочува обвинителството, информира ЈОРСМ. хс/нд/
Фото: Јавно обвинителство на Република Северна Македонија