• понеделник, 23 декември 2024

Средба на Фетаи со Хамид и Ацевски: Се бара сеопфатен пристап за управување со ризиците од корупција

Средба на Фетаи со Хамид и Ацевски: Се бара сеопфатен пристап за управување со ризиците од корупција

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Се бара сеопфатен пристап за управување со ризиците од корупција во јавниот сектор, заклучија денеска потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи, директорот на Институтот за финансии и јавно сметководство (ЦИПФА) Кхалид Хамид и директорот на Државниот завод за ревизија Максим Ацевски.

Тие денеска имаа средба на која, како што информира Кабинетот на Фетаи, се разговараше и за можноста за формирање агенција за едукација на раководителите и вработените во јавниот сектор. Притоа беше истакнато дека недоволната стручна подготовка на раководителите на институциите претставува потенцијален ризик за појава на корупција.

-Констатирано беше дека формирањето на ваква агенција може да има значаен придонес во зајакнувањето на институциите на јавниот сектор во превенцијата на корупцијата, како и во воспоставувањето на долгорочни системски подобрувања на внатрешните контроли, со што ќе се засилат напорите за ефективна борба против корупцијата, наведува Кабинетот на  Фетаи. мч/сст/

фото: Кабинет на потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи

Остани поврзан