Средба на Тренчевска со амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во заминување
- Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Амбасадорот Клеменс Која - шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска ја остварија последната средба поради завршување на четиригод

Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Амбасадорот Клеменс Која - шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска ја остварија последната средба поради завршување на четиригодишниот мандат на амбасадорот во нашата земја, информираат од МТСП.
Министерката Тренчевска и амбасадорот Која се осврнале на заедничките проекти и активности кои изминативе години Министерството за труд и социјална политика ги реализираа со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во земјава.

-Периодот зад нас го одбележаа многу проекти и активности од областа на социјалната заштита, инклузијата на ранливите категории, со акцент на Ромите, нивно извлекување од сиромаштија, вклучување на пазарот на труд и социјални услуги, потоа, родовата еднаквост и антидискриминацијата. Продолжуваме со добро воспоставената соработка со мисијата на ОБСЕ и понатаму, рекла Тренчевска.
Министерката се заблагодарила за одличната соработка со мисијата на ОБСЕ во земјава, предводена од амбасадорот Која, и изрази уверување дека работата на заедничките проекти и цели кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани ќе продолжи и во иднина. сст/аа/