• четврток, 26 декември 2024

Средба на Синдикатот на УКИМ во Владата, Ковачевски очекува отворени разговори

Средба на Синдикатот на УКИМ во Владата, Ковачевски очекува отворени разговори
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - По барање на Синдикатот на УКИМ денеска ќе се одржи средба во Владата на Република Северна Македонија на која треба да се разговара за барањата од Синдикатот. Потпишување колективен договор на ниво на работодавец, зголемување на платите на вработените и подобрување на статусот на УКИМ во општеството, се барањата на Синдикатот на УКИМ. - Синдикатот на УКИМ очекува од Владата да ги прифати нашите барања за надминување на исклучително тешката материјална состојба на вработените на УКИМ, за обезбедување на достоинствен живот на наставниот и ненаставниот кадар и развој на високото образование и науката, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на синдикатот Ангел Ристов. Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека очекува отворени разговори со Синдикатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во однос на зголемувањето на платите на професорите.

-Јас очекувам да разговараме отворено со Синдикатот на УКИМ на којшто ќе треба да се постави рамка во однос на барањето на професорите од УКИМ. Треба да се цени и вреднува работата на професорите и јас доаѓам од академската заедница со тоа што мора да ги имаме предвид условите во коишто работи економијата во овие кризни услови, рече премиерот.

Тој информираше дека веќе е предвидено зголемување на платите во високообразовните институции за седум до осум проценти за оваа година. цр/бак/

Остани поврзан