• сабота, 31 јануари 2026

Средба на претставници од ЦУК, МО, Армијата и членови на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во државата

Средба на претставници од ЦУК, МО, Армијата и членови на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во државата

Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Членовите на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија (АОА), како и претставници на Министерството за одбрана и Армијата, денеска беа во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), каде што имаа средба со директорот и неговиот заменик, информираа попладнево од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, и заменик-директорот Трајче Јовановски ја истакнаа важноста од континуираната соработка со дипломатските и воените претставништва.

- Соработката со одбранбените аташеи претставува значаен мост за градење меѓусебна доверба, навремена размена на информации и координирано дејствување во услови на комплексни безбедносни и кризни предизвици. Само преку партнерство и заеднички пристап можеме да обезбедиме ефикасен и навремен одговор во заштита на граѓаните и државата - потенцира Али.

Пред присутните беше одржана и презентација за функционирањето на Центарот за управување со кризи, неговите надлежности и улогата во системот за управување со кризи. Притоа, како што се наведува во соопштението, истакнато било дека ЦУК претставува главна алка во процесот на координација, навремена комуникација и справување со кризни ситуации на национално ниво.

- Во конструктивна и професионална атмосфера беа разменети мислења и искуства, со посебен акцент на унапредување на институционалната и меѓународната соработка, како и на заедничките механизми за превенција и одговор при кризи - додадоа од ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи нагласија дека остануваат цврсто посветени на градење силни партнерства со сите релевантни домашни и меѓународни фактори со цел ефикасно, координирано и навремено справување со сите предизвици. бд/дма/

Фото: ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан