• среда, 25 декември 2024

Шефот на Канцеларијата на СЗО во Скопје на средба со министерот за здравство Таравари

Шефот на Канцеларијата на СЗО во Скопје на средба со министерот за здравство Таравари

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларијата во Северна Македонија, Аким Али денеска ја имаше првата официјална средба со министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што стои во објавата на СЗО на Фејсбук, двајцата соговорници разговарале за заедничките цели во однос на реформата на јавното здравство и стратешкиот напредок на здравството во Северна Македонија.

- Беше потврдено силното партнерство меѓу СЗО и Министерството за здравство, а се разговараше и за идната соработка на Националната стратегија за здравство 2025-2030 година. И д-р Аким Али и д-р Арбен Таравари ја истакнаа нивната заедничка посветеност на благосостојбата на сите граѓани на Северна Македонија, без разлика на пол, возраст, етничка припадност или услови за живот. Работиме заедно за поздрава Северна Македонија, се наведува во соопштението од Канцеларијата на СЗО во Скопје објавено на Фејсбук. ев/бак/

Фото:  Фејсбук СЗО

Остани поврзан