• сабота, 23 ноември 2024

Средба на претседателот на Уставниот суд Мурати со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Средба на претседателот на Уставниот суд Мурати со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри
Скопје, 11 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати денеска оствари протоколарна средба со новоименуваниот италијански амбасадор Андреа Силвестри, на која било разговарано за продлабочување на пријателските односи помеѓу уставните судови на двете земји и отпочнување на билатерална соработка за размена на искуства од областа на уставната правда. На почетокот на средбата, Силвестри, се вели во соопштението од Уставниот суд, истакнал дека како новоименуван италијански амбасадор, посетата на Уставниот суд е со цел изворно да се запознае со работата на една од највисоките институции во државата. Мурати, како што информираат од Уставниот суд, на средбата ја презентирал уставната положба на Суд, историјатот и надлежностите на оваа институција, како и  состојбите и предизвиците со кои Судот се соочува заради остварување на целосна административна, функционална и финансиска независност. Притоа, тој, го запознал амбасадорот Силвестри и со последните измени и дополнувања на поголем број одредби од Деловникот на Судот, направени со цел што побрзо да се обезбеди независноста во сите сегменти од работата на судот. Во таа насока, Мурати укажал дека за прв пат годинава судот има зголемен буџет од 32 проценти, а со донесувањето на актите за внатрешна систематизација се создаваат правни предуслови за административно осамостојување на стручната служба во Судот. Мурати, исто така, истакнал дека изминатата година Судот бележи зголемена транспарентност во однос на својата работа, и покрај рестрикциите поради КОВИД-19, како и дека одржа повеќе подготвителни седници со што се даде можност и на научната фела да даде свој придонес при анализата на битни прашања што се предмет на оценка на Судот. Италијанскиот амбасадор Силвестри укажувајќи на историските и културни врски на двете земји, потенцирал дека римското право е еден од столбовите врз кои се создаде денешното континентално право и најави можност за донирање на стручна литература за збогатување на фондот на библиотеката во Уставниот суд. аа/сп/

Остани поврзан