Средба на Пендаровски со Јосип Варводиќ, потпретседател на Европската пливачка федерација и член на бордот на Светската пливачка федерација
- На средбата, соопштија од кабинетот на Пендаровски, се разговарало за актуелните состојби и за досегашните реализирани активности на Националната пливачка федерација, како и за организацискит

Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими Јосип Варводиќ, потпретседател на Европската пливачка федерација и член на бордот на Светската пливачка федерација – ФИНА.
На средбата, соопштија од кабинетот на Пендаровски, се разговарало за актуелните состојби и за досегашните реализирани активности на Националната пливачка федерација, како и за организациските проекти во пливањето на домашен и меѓународен план.
- Во контекст на блокираната сметка на Националната пливачка федерација и долговите кон светската и кон европската пливачка федерација, на средбата се разменија мислења и информации за можните начини за изнаоѓање решенија за предизвиците поврзани со работата на федерацијата, стои во соопштението од кабинетот на шефот на државата Пендаровски. цр/нд/

