• вторник, 24 декември 2024

Средба на новата директорка на КОВЗРГ Оливера Трајковска со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан

Средба на новата директорка на КОВЗРГ Оливера Трајковска со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) и Македонската православна црква – Охридска архиепископија имале плодна и успешна соработка низ изминативе години и таа практика ќе продолжи и во иднина, како посебна заложба. Ова е констатирано на денешната средба на новата директорка на оваа комисија Оливера Трајковска и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

На средбата, како што информира Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, беа упатени честитки до новоименуваната директорка, со желби за успешно извршување на доверената функција во насока на градење конструктивен дијалог меѓу институциите и верските заедници.

- Во меѓусебниот разговор беше потенцирано колку негувањето на духовниот светоглед, етичките норми и почитта се значајни за едно функционално општество кое ќе гради здрави генерации на македонско тло. Беа споделени иницијативи за идни можни соработки на полето на духовноста и институционалното признавање на одредени одлуки кои ќе дадат огромен придонес за државата, се вели во соопштението. мд/лв/

Фото: КОВЗРГ

 

 

Остани поврзан